Courage to Open Doors of Europe

Attention Be Curious

  • Што е меѓународна младинска размена ?

    Меѓународната размена е чекор во проект на тема како што се човековите права, борбата против дискриминација, против расизам, против сексизам на пример. Овој проект обединува неколку организации од различни земји како Германија, Северна Македонија, Франција или Полска, да зборуваат само за себе. Подготовката за размена се врши неколку месеци однапред. Во ова време на подготовка, тука е и составот на групата млади на возраст од 14 до 18 години, презентацијата на проектот и активностите што можат да се направат во рамките на организациите поврзани со темата.

    Периодот на размена е кога сите луѓе кои се вклучени во проектот се среќаваат и минуваат 10 дена заедно во земјата домаќин. За тоа време, темата на проектот ќе се дискутира во присуство на сите учесници. Нивното присуство ја истакнува меѓународната рефлексија на тема што нè засега сите нас. Размената е исто така унија на група поединци под еден покрив. За време на овој собир на култура и неврони, живееме во многу богат момент. Средбите што ги правиме и личниот предизвик да поминеме 10 дена на непознато место со нови луѓе се исклучителни. Сè што ќе научиме и ќе доживееме на размената, ќе ни биде корисно откако ќе се вратиме дома, без разлика дали станува збор за гледна точка на некоја тема или одлика на личноста што сме ја развиле на ова патување.

  • Дали треба да зборувате англиски за да направите меѓународна младинска размена ?

    За да направите меѓународна размена, не е потребно да знаете да зборувате англиски. Постојат многу други начини преку кои може да се разбереме со личност која не зборува на наш јазик, како на пример преку гестови.
  • Дали јазикот е бариера/пречка?

    Не, јазикот не е пречка. Разменуавњето на нешта со некоја личност не е само преку зборување, можеме да комуницираме на многу други различни начини (танцување, мимики ...)
  • Што се прави за време на меѓународна младинска размена ?

    Имаме фиксен распоред за денот исполнет со активности, излети, работилници, но и слободно време каде што можеме да бидеме заедно за да се запознаеме повеќе неформално. Ние исто така треба да управуваме со секојдневниот живот (оброци, готвење, чистење, шопинг).
  • Дали патувањето е премногу долго ?

    Патувањето е долго, и може да биде дури и подолго ако има пречки за време на истото (на пример: доцнење на возот, интервенција, итн.). Спиеме добар дел од времето (секако во возот), но сепак се забавуваме бидејќи сме во група.
  • Дали јадеме солена храна наутро ?

    Навистина, утрото во Германија може да биде придружено со солен појадок, главно месо. Но, изборот не е ограничен само на овие намирници, има и сладок ручек, со производи што може да се јадат и во Франција.
  • Дали имаме слободно време и време за себе ?

    За време на размена, распоредот е поделен на неколку активности во текот на денот, особено за слободното време, каде што не се двоумиме да бидеме заедно, како што е играње одбојка. Имаме и слободно време за во градот, тоа е моментот кога локалните млади луѓе ни го покажуваат својот град и типичните места.